По новинарката Јадранка Костова која изјави дека на 1 јули и истекол авторскиот договор со 1ТВ и повеќе не оди таму на работа, денеска а1.он објави дека телевизијата ја напуштаат водечките новинарски имиња кои имаа авторски емисии на медиумот.
Според изјавата дадена на а1 он Кабранов нема да продолжи да доаѓа на работа од здравствени причини, Ордановски не одговорил на нивните повици, а Борјан Јовановски требало да го продолжи договорот во септември, но сега не знае дали тоа ќе го стори. Тој смета дека не учествувал во бранењето на интересите за рекет и слични дела.
Главниот уредник на 1ТВ, Ацо Кабранов во изјава за А1он вели дека во телевизијата бил ангажиран хонорарно и најави дека нема да го потпише хонорарниот договор наредниот месец.
„Сакав да направиме проект и сметам дека бевме успешни. Договорот со 1ТВ го потпишував секој месец, но следниот нема да го потпишам. Не поради целата работа што се случи, туку од здравствени причини. Јовановски не се мешаше во уредувачката политика, известуваме според професионални стандарди. Не сум човек кој заради својата комоција ќе се води по интересите на газдите. Никогаш не сум го правел тоа, ниту пак овде, да злоупотребувам колеги за нечии интереси“, вели Кабранов.
Уредник на информативната програма на 1ТВ, Гордана Дувњак, за „Фактор“ вели дека останува во телевизијата затоа што има заснован работен однос на неопредлено време,..
– До сега компанијата ги исполнува сите обврски кон мене и јас останувам овде на работа, а за понатаму останува да видиме како ќе се одвива ситуацијата. Колку што знам, другите имиња за кои се пишува во медиумите имаа договори на дело и сезоната на нивните емисии заврши на 1 јули, односно тие не се вработени овдека – рекла Дувњак.
Инаку, новинарите во 1ТВ во меѓувреме одат на работа и ги извршуваат своите задачи.