Во својата 56-та година почина познатиот српски турбофолк пејач Џеј Рамадановски. Tој потекнуваше од ромско семејство од Ресен.
Според српските медиуми срцето на Џеј откажало а обидите за реанимација на докторите не успеале. Како што изјави неговиот менаџер, тој повеќе време бил во лоша здравствена состојба но не бил заразен со Ковид-19.
Во неодамнешно последно интервју, Рамадановски изјавил дека е во строг карантин поради неговите здравствени проблеми и дека доколку се зарази со коронавирус, тоа би било фатално за него.
„Не можам да излезам никаде за да не ризикувам да се заразувам. Веќе имав проблеми со здравјето на срцето и вирусот може да биде фатален за мене“, изјавил Џеј пред неколку дена.
Во текот на 90-тите години, тој беше популарен низ цела поранешна Југославија, особено во Србија, Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Додека беше на врвот на својата популарност, тој патуваше во странство,каде имаше бројни настапи (во Германија, Шведска, Канада, САД).