Руските војници застрелаа двајца невооружени цивили додека се оддалечуваа по конфликтот во предградијата на украинскиот главен град Киев.
Си-Ен-Ен доби снимка од инцидентот, кој украинското обвинителство сега го истражува како воено злосторство.
Двајцата цивили загинале по пукањето, што е спротивно на таканаречените правила на војна, кои забрануваат пукање во цивили. Си-Ен-Ен ги идентификуваше жртвите. Едниот бил сопственик на ограбен салон за автомобили, чие семејство не сака да биде именувано. Другиот бил Леонид Олексиевич Пљац (68) кој работел таму како чувар.
Неговата ќерка Јулија не можеше да ја гледа снимката, но ја чува за да може да им ја покаже на своите деца еден ден за да не заборават колку диви биле напаѓачите.
„Тие се крвници“, изјави таа за Си-Ен-Ен. „Ова е ужасно бидејќи татко ми беше цивил, имаше 68 години, мирен и невооружен човек“.
Но, она што се случи пред автосалонот на 16 март не беше борба меѓу војници или дури војници со вооружени цивили.
Видеото го потврди Си-Ен-Ен. Составено е од бројни камери околу имотот и, иако нема звук, сликите се јасни. Тоа беше кукавичко, ладнокрвно убиство на двајца невооружени мажи.
На снимката се гледа како пет руски војници доаѓаат и се обидуваат да упаднат во деловни објекти, пукаат во брави и кршат стакло.
Додека сопственикот се приближува со кренати раце, го запираат и го претресуваат да видат дали има оружје. Потоа доаѓа Пљац кого исто така го претресуваат. Изгледа дека имало разговор пред војниците да се свртат и двајцата цивили да почнат да се враќаат назад кон својата стражарска станица.
Потоа најмалку двајца војници доаѓаат зад мажите и отвораат оган. Двајцата цивили паѓаат на земја.
CNN airs incredibly graphic surveillance camera footage of Russian soldiers looting two older Ukrainian civilians, letting them go, and then shooting them dead as they walk away. pic.twitter.com/1a3GexttIw
— Doge (@IntelDoge) May 12, 2022