Азур Терзиќ (21), кошаркарот на КК Игман Бурча од Босна и Херцеговина, е тешко повреден во сè уште неразјаснети околности.
Тој бил пронајден во бессознание со скршен рбет во близина на дискотека во Цазин. Азур моментално се бори за живот во болница во Сараево.
Местото каде што бил пронајдена Терзиќ е објавено на Фејсбук. Објавата ја потпишуваат Харис Самарџиќ, Златан Самарџиќ и Уна Самарџиќ. Меѓу другото, во текстот се вели: „Азур е сместен во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, со целосна скршеница на рбетот, во таканаречена индуцирана/медицинска кома – за негово полесно и побрзо закрепнување, бидејќи неговиот живот е во опасност.Иако долните екстремитети му се загрозени, неговата состојба е стабилна, виталните органи не се загрозени, но неговата состојба е сè уште сериозна – затоа што сепак се работи за страшна повреда“.