Германските полициски инспектори соопштија дека мажот осомничен дека за време на викендот ги уби сопругата и трите деца, по што си го одзеде животот, во проштална порака напишал дека се плашил да биде уапсен бидејќи ѝ набавил лажна ковид-потврда на неговата сопруга.
Телата на двајца 40-годишници и деца на возраст од 10, осум и четири години, со прострелни рани, беа пронајдени во саботата во нивната куќа во близина на Берлин.
Во пораката се тврди дека работодавачот на убиената дознал за лажната потврда, поради што брачната двојка се плашела дека ќе бидат уапсени и одземени нивните деца, пренесува АП.
Безживотните тела на членовите на семејството беа пронајдени за време на викендот во семејната куќа, а според истражителите најдено е и огнено оружје за кое никој од нив немал дозвола.
Вештачењето ќе утврди дали било пукано од пиштолот. Бидејќи нема докази дека некој друг бил дома, се претпоставува дека мажот го убил семејството, а потоа се самоубил.