Тиктокерот Кол Херш е многу активен на интернет, а неодамна шокираше илјадници следбеници признавајќи дека веќе шест години ги собира ноктите во тегла!
Можеби звучи како бизарна шега, но Кол изгледаше сериозен, а покажа и како ги сече ноктите, што предизвика дополнителен шок кај гледачите.
„Теглата е веќе полна…“
Имено, младиот човек не ги сече со грицкалка или ножички – како што би очекувале, туку ги гризе со забите, а потоа ги става во стаклената тегла.
„Ме прашуваат зошто го правам тоа, а одговорот е едноставен. Погледнете, секој нокт е целосно чист и бел, ниту еден нема нечистотија. Јас сум прилично уреден, а теглата е веќе полна, па наскоро ќе морам да купам поголема“, објасни тој.
Видеото „собра“ повеќе од четири милиони прегледи и предизвика лавина од коментари од корисници од целиот свет.
Многумина се згрозени од „хобито“ на овој тиктокер, а има и такви кои се грижат за неговото здравје. Тие му нудат совети за хигиена и го предупредуваат за ризиците од гризење нокти.
Сепак, најчесто поставуваното прашање е – зошто барем не користи ножички за нокти?
https://www.tiktok.com/embed/v2/7461048337945398571?lang=en-US&referrer=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fzanimljivosti%2Fbizarno-zanimljivosti%2F4119338-skuplja-svoje-nokte-u-teglici-6-godina-ali-to-nije-najbizarniji-deo-price-sacekajte-da-vidite-kako-ih-krati