Два часа бизнисменот Сиљан Мицевски денеска даваше исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал во врска со случајот „Рекет“.
Мицевски беше повикан во Обвинителството од обвинителката Русковска како лице кое треба да даде „потребни известувања“ за случајот.
Мицевски кажал дека 720.000 евра префрлил на сметката на Меѓународниот сојуз, а не на сметката на пензионерката Лилјана Тодоровска, како што таа тврдеше.
-Прашајте го Бојан како ќе ми ги врати парите, – рече Мицевски, на новинарско прашање на кој начин очекува парите да му бидат вратени.
Тој негира дека имал средба со Боки 13 и рече дека партите ги префрлил преку банка директно на сметка на Сојузот.
Бизнисменот Сиљан Мицевски, денеска по втор пат се појави во Јавното обвинителство во врска со истрагата за случајот „Пекет“, а за новинарите изјави дека ќе ги бара парите што ги дал на „Меѓународниот сојуз“ на Боки 13.
„Не сум дал пари на пензионерка. Пари сум дал на Меѓународниот сојуз на Јовановски и нормално дека ќе си ги барам назад“, рече бизнисменот Силјан Мицевски пред да влезе на рацпит.
На 19 август, во Обвинителството сведочеше пензионерката Лилјана Тодоровска, на чија сметка бизнисменот Силјан Мицевски на име на авторски хонорар уплати 720 илјади евра за наводен проект за старски домови.
Тодоровска рече дека парите ги подигнала во кеш и ги дала на одредено лице од Меѓународниот сојуз на Боки 13, без да прецизира за кого точно станува збор.