Претседателот Стево Пандаровски, по состанокот на Советот за безбедност, се обрати пред јавноста, апелирајќи да се почитуваат сите мерки за заштита од корона вирусот, зошто ситуацијата, како што рече, е исклучително сериозна.
-За жал сведоци сме дека ситуацијата не се подобрува, секојдневно имаме значителен број на заболени, а бројот на оние чии животи згаснаа исто така е во пораст. Сведочиме дека и најравиените земји и најбогатите економиии тешко излагаат на крај со оваа ситуација. Не барам оправдување за секој потег на нашите власти кој е преземен во овие 8 месеци, меѓутоа во однос на сетот на мерки, јасно е дека не постојат мерки кои се применуваат во други држави, а кај нас не. Разликата е во нивото на почитување од страна на граѓаните и нивото на имплементација на законите од страна на државните институции- рече Пендаровски кој апалираше сите да ги почитуваат протоколите и драстично намалување на дружбите и собирите, за себе и за своите најблиски.