По разорниот земјотрес што ја погоди Хрватска сè повеќе луѓе ја нудат својата помош преку социјалните медиуми.
. Во рамките на Фејсбук групата „Земјотрес на локацијата Петриња“, беше објавен статус кој допре до многу срца, пренесува Слободна Далмација.хр.
Еве што напиша извесен Денис Синед:
„Јас ја нудам својата куќа во Скопје (Македонија) за 8 лица до 6 месеци (предност кај лица со мали деца), исто така, подготвен сум да платам патни трошоци. Кога бев во потешка ситуација, едно лице од Хрватска максимално ми помогна, то никогаш нема да го заборавам… Господ нека биде со вас, браќа и сестри, заинтересираните нека ме контактираат во инбокс … Мислиме на вас, поздрав од Македонија “, напиша Денис.
Тоа е срцето македонско. Таму каде што вечното сонце свети, таму е и нашата братска Македонија. Ви благодарам Ви благодарам
Брат, ти си кралот … Симнувам капа на подот. Поздрав од Умаг.
Благодарам, плачам и не верувам …… Има надеж за нас, има уште добри луѓе. Фала мила на Бога. Господ да ве чува и да ве благослови, се дел од коментарите после овој пост на социјалните мрежи.