Поради сините очи кои ги имаат таа и нејзините две ќерки, Ризикат Моромоки Азиз претрпува разни коментари во градот Илорин во северна Нигерија.
Таа излезе во јавноста со тврдење дека нејзиниот сопруг ја оставил поради бојата на нејзините очи, што тој го негира.
Исто тако, Ризикат вели дека трпи разни коментари во градот во кој живее и дека нејзините деца се нарекуваат вештерки.
Инаку, Ризикат и нејзините деца страдаат од т.н. очен албинизам, што е најчеста безопасна состојба без да влијае на видот. Овој феномен е последица на генетско нарушување.