Ресторанот „Блек Мадона“ во историскиот центар на Прага нуди десерт во форма на коронавирус, што веќе стана хит. Тој обично бил полн со туристи кои се воодушевувале на неговиот кубистички ентериер, но поради пандемијата на коронавирус, нивниот број нагло опадна бидејќи Чешка се бори со една од највисоките стапки на инфекции во Европа.
Креаторот на десертот, Олга Будник изјави дека идејата ја добила за време на карантинот во пролетта.
„Најдов фотографија од вирусот на интернет и ми текна како да направам десерт – како да направам боцки, каква боја ќе има, и го подготвив сето тоа“, изјави таа за Ројтерс.
Десертот е малку помал од тениско топче, има кора од чоколадо, а боцките на вирусот се направени од бело чоколадо и суви малини.Внатре има крем од фстаци со пире од малини и малина во средината.Овој деликатес постигна голем успех и се продаваат повеќе од 100 парчиња на ден, а бројот продолжува да расте.
„Кризата со корона значеше огромен пад на прометотза нас“, рече менаџерот за маркетинг во ресторанот, Војтех Херманек.„Во исто време, тоа беше можност да понудиме колаче во форма на коронавирус што е симбол и покажува дека не е сè изгубено“.
Олга Будник е Украинка која живее во Прага последните шест години. Вели дека веќе размислува за нов десерт, на тема вакцина против Ковид, кој би требало да има вкус на цитрус и ликер.
„Ќе има многу лимета со малку алкохол“, најавила таа.