Вчера навршија точно седум години од смртта на Душан Љубисављевиќ- Дуле, пејачот на познатото дуо „Дуле и Коки“. Популарниот Дуле не напушти на 23 септември 2013 година.
Неговиот најблизок соработник, виолинистот Никола Јанков- Коки, денеска со емотивен статус се присети на својот другар и колега со кого помина 20 години.
– Се враќам од свирка, од Струмица брат, па ми се сврте у главата, и викам да ти напишам усте едно писмо.. ама ова ќе биде последно, не те замарам повеќе, да не речеш абе Кочо седум години ми досаѓаш, дај олабави.
Брат, не знам дали да се смеам дали да плачам. Знаеш, се ми доаѓа дека од негде ќе се појавиш и тоа најчесто коа свирам ми се случува, абе „фатаморгана“. Можеби па, сеа дури сфаќам дека стварно те нема, а..?
Сите прашуваат за тебе, не те заборавиле да знаеш, особено при крај на свирката.. ја темпирам ‘колку треба да се плати’ ќе стиснам заби, им ја пеам, и они пеат, ама на таа не плачам, тешко ми е да плачам на таа, глеам они плачат…
На овој ден коа ја летна, знаеш на кој му е роденден? На Ице, замисли.. не сум ти кажал тоа. Кај одам јас без гитара, свириме заедно, и Сале е со нас. Ти стално, коа ќе спомнев Господ, се викаше, ај батали тоа. Ама гледаш дека имало Господ, па ти ако не знаеш, кој? И кажи сеа дека ГОРЕ СИ Е ГОРЕ, нели.. добро е таму.
Овде е зезнато малку, мош малку повеќе. Има некој вирус, и ако го закачиш јако, за скоро умираш, ама некој ќе го фатат и ништо не им е.. поима неам… ваљда си чул.