Станува збор за Лара вон Лујвен (27 години), која почина пред 18 месеци, откако ѝ беше откриена автоимуна болест за време на тренинг-кампот во Франција. Таа во тој момент беше актуелна светска шампионка на 500 метри и дел го холандската штафета на 3.000 метри, која дојде до бронзата на Игрите во Пјонгчанг пред четири години. Денеска, нејзините две тогашни колешки, Сузан Шултинг и Јара вон Керкоф, заедно со Сара Путсма и Ксандра Велцебер, го подобри ова остварување и се искачија на највисокото место на пиедесталот.
„Лара денеска гордо нѐ гледаше од горе. Таа има специјално место во нашите срца. Ни недостасува секој ден, но и ни дава сила. Ние сме со златото само поради неа. Постојано го чувствуваме нејзиното присуство и енергија“, изјавија холандските скијачки.
Четирите лизгачки по добивањето на медалите емотивно ги кренаа главите и покажаа кон небото, потсетувајќи на својата почината другарка, а потоа ги извадија телефоните на чии екрани беше исцртано срце во спомен на Вон Лујвен.