Ненад Ќелиќ, сопственикот на компанијата чиј автобус со патници од Србија се преврте во Унгарија во саботата наутро за Нова.рс, вели дека во автобусот имало 55 патници и сите се српски државјани од Белград и Нови Сад.
Тешка сообраќајна несреќа се случи во саботата наутро на автопатот 53 во Унгарија, кога дури 15 лица биле повредени при превртување на автобус од Србија, кој превезувал туристи од Белград.
Како што потврдил Ненад Ќелиќ, патувањето го продолжиле 35 патници, додека во болница се задржани еден возач и една жена.
Некои од патниците се вратиле во Белград.
Колку што знам, нема сериозни повреди, станува збор за модринки и слични повреди“, потврди Ќелиќ.
На 2 километри од Кишкунхалас, автобусот тргнал во спротивен правец, најверојатно за да избегне друго возило, а потоа со полна брзина се превртел.
Според унгарските медиуми, меѓу повредените патници има и две деца, кои се пренесени во болница.