Еден од најдобрите пријатели на Драган Вучиќ беше поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, а сега тренер во Арапските емирати, Ѓоко Хаџиевски. Веста за смртта на Вучиќ утринава го потресе Хаџиевски кој со трогателен пост на Фејсбук се прости од својот пријател.
“Почивај во мир Драгче , 40 години заедно нашите две фамилии се една ……утрово веста ме стресе , не очекував дека ова зло ќе удри по тебе, шок …..како ќе биде без тебе …….ќе се турка , но никогаш повеке нема да е исто како порано. Сите наши успеси ги прославуваме заедно ….победите мои и победите твои ….” Свирете ја зајди зајди ” во Штип и победата на Мартин на Евровизија ……Нема твоја емисија во која не сум бил твој гостин .
Нема да те заборавам …..е фраза ,ти заслужуваш другарска љубов додека сум жив. Ти благодарам за секоја минута помината со тебе.
Мартин ,Сања и Весна ве сакам многу , длабоко сочуство од моето срце до вас“, напиша Хаџиевски на својот Фејсбук профил.
Инаку, погребот на Драган Вучиќ, кој денеска ја изгуби битката со коронавирусот ќе биде извршен утре, во 13 часот, на Градските гробишта во Бутел. Неговото тело од 12 до 13 часот ќе биде изложено на отворено на градските гробишта.