Дејвид Бекам, заедно со ќерката Харпер, бил фотографиран пред ревијата на неговата сопруга Викторија во Париз. Нивната наследничка од родителите покрај добрите гени го наследила и добриот и скапоцен вкус.
Имено, Харпер била фотографирана во едноставен фустан во шампањ боја и сандали од брендот „Прада“ кои чинат околу 1.000 евра.
Дејвид Бекам, иако избрал да носи одлично темносино сако и широки панталони во истата боја, комбинацијата ја надополнил со бели чорапи и кожни, кафеави сандали. Можеби ова е нов тренд, но дел од јавноста едноставно кажа: „Не, никако!“.
Дејвид и неговата ќерка Харпер пред доаѓањето на модната ревија на Викторија Бекам привлекле огромно внимание на социјалните мрежи по видеото на кое ќерката го бакнува својот татко во уста, пред да се подготви за ревијата.
Иако Дејвид неколку пати беше на удар на остри критики зошто на таков начин покажува љубов кон својата ќерка, семејството Бекам не обрнува внимание на коментарите на социјалните мрежи.
-Ме критикуваат дека сум ја бакнал ќерката во уста, јас сите деца ги бакнувам во уста. Бруклин можеби и не бидејќи има 24 години и тоа би било малку чудно, но сите останати наши деца ги бакнува, се огласи екс фудбалерот.