Жителка на Лондон на социјалните мрежи се пожалила на тортурата низ која поминала кога влегла во еден од објектите на синџирот супермаркети “Асда“.
Жената по име Џаја напишала дека веднаш по влегувањето во продавницата, една од вработените, постојано гледајќи ги нејзините гради, и кажала дека не може да “пазари“ во маркетот бидејќи била несоодветно облечена.
– Ме навреди со изјавата дека не можам да “шопингувам“ во нивниот маркет со такво ужасно однесување. Какво грозно однесување? Никому ништо не кажав. Потоа ме осуди што влегов во супермаркетот во влечки и што ми се гледале гради – додала Џаја.
Мачењето продолжило кога касиерката ја замолил да излезе надвор.
– Веќе се изнервирав и ги прашав што е вистинскиот проблем и зошто секоја од врабтените постојано ме гледа во градите? Таа ми рече дека премногу сум разголена и дека менаџерот ќе дојде и ќе ме исфрли. Ги опцув и си заминав. Никогаш повеќе нема да купувам во “Асда“ – напишала Џаја.
Како што нејзината приказна се појави на водечките британски портали, во оваа прилика се огласи и “Асда“.
– Жал ни е што “Асда“ е прикажана во негативен контекст. Имаме свој кодекс на облекување и однесување, како за вработените така и за клиентите и очекуваме сите да се придржуваат до него, е став на компанијата.