Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири во објава на неговиот профил на Фејсбук вели дека за целото времетраење на полицискиот час, ниту имал дозвола за движење, ниту кога било прекршил некоја од забраните за движење.
“Почитувани,
Заради ненамерната грешка на претседателот Зоран Заев на денешната прес-конфернција дека сум се заразил на ифтар кај брат ми, сакам само да ве информирам дека:
За целото времетраење на полицискиот час ниту сум имал дозвола за движење, ниту било кога сум прекршил некоја од мерките за забрана за движење!
За целото времетраење на месецот Рамазан сите ифтарски вечери ги имав дома, само со членовите на домаќинството – и без посети од никого.
Првото излегување ми беше на Бајрамскиот викенд и за празникот имав средба само со најтесното семејство. Тие лица ќе бидат допрва тестирани, така што до сега само ние сме потврдени позитивни на вирусот.
Јас самиот ја соопштив веста за заразата, со епидемиолозите е завршена цела анкета и здравствените власти си го прават своето. Со оглед на тоа има засегнати лица кои за разлика од мене не се јавни личности, ве молам за почитување на нивната приватност“ напиша Зекири.