Мариса е Американка која ја шокираше јавноста кога објави видео на социјалната мрежа TikTok во кое откри дека нејзината мајка е свршена со нејзиното поранешно момче. Таа раскажа како дознала за нивната врска, а првото видео што го објави доби повеќе од два милиони прегледи.
Имено, Мариса и нејзиното поранешно момче се на иста возраст и се забавувале за време на средното училиште, а бидејќи често доаѓал во нејзината куќа, парот одлучил да започне заеднички живот со нејзиното семејство.
– Имавме 16 години, живеев со татко ми и мајка ми, а тој се пресели кај нас доста спонтано. Меѓутоа, моите родители се разведоа, паднав во депресија, па решив да ја прекинам врската – раскажала таа.
Кога наполнила 18 години, Мариса одлучила да се исели од семејниот дом и да започне да живее со својата најдобра пријателка. Сепак, на големо изненадување, Мариса открила дека нејзината мајка и поранешното момче се дружат и дека луѓето често ги гледаат заедно.
– Кога го слушнав ова прв пат, веднаш и се јавив и ја прашав што значи ова за неа, а таа секогаш ми повторуваше колку и е драг и како го смета за син што никогаш го немала. Ја молев да го прекине нивното пријателство, но таа не ме испочитува – се сеќава оваа девојка.
Мариса одлучила да ја прекине секоја комуникација со нејзината мајка и како што тврди тие не разговарале 2 години, а потоа една вечер и се јавила, за првпат отворено да зборува за поранешното момче на Мариса.
– Ми призна дека тие двајца се во врска долго време и дека се вериле. Не можев да поверувам што се случува, мислев дека е шега – објаснува таа.
Меѓутоа, Мариса тогаш била бремена и поради лошите односи со нејзиниот партнер, не можела да остане со него, па бидејќи немала каде да оди, одлучила да се врати во семејната куќа каде што сега живее со својата мајка и поранешното момче.
Корисниците на социјалните мрежи беа изненадени кога оваа девојка ја сподели својата приказна со светот, а повеќето од нив не можат да поверуваат дека една мајка може да го стори тоа на детето.