Никол Шерцингер со години гордо ја носи титулата на една од најзгодните и најубавите жени на светот, и едноставно е невозможно да се тргне погледот од нејзината фигура.
Природна, затегната, згодна, убава … Сето ова ја карактеризира оваа Хавајка која многу се грижи за својот изглед и здрав начин на живот, а друштво во тоа ѝ прави и нејзиното момче Том Еванс, па често ги нарекуваат и најзгодниот пар на светот.
Со оглед на нејзиниот беспрекорен изглед, таа секогаш привлекува внимание, а знае и да го истакне своето најсилно „оружје“.
Овојпат го истакнала торзото во црна свечена комбинација, а била фотографирана и додека разговарала со обожавателите.
Дефинитивно ова е едно од најжешките изданија на популарната пејачка.