Светската музичка звезда Џенифер Лопез нема време за одмор. 50-годишната пејачка и актерка е нон стоп од настан на настан, од концерт на снимање на нов филм, и не застанува.
Музичката ѕвезда синоќа присуствуваше на лансирањето на својот нов парфем „Промисе“ во Њујорк. Таа изгледаше модерно и атрактивно облечена во бела креација од Мајкл Корс. Особено до израз дојде нејзиното длабоко деколте.
Инаку, Џенифер Лопез и Шакира годинава ќе ја забавуваат публиката на полувремето на „Супербоул“ финалето во американско рагби. Двете тоа го потврдија на Твитер.
https://www.instagram.com/p/B2521EAgYqw/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/B25xtqAAvYt/?utm_source=ig_web_button_share_sheet