Иако не се во брак повеќе од две децении, Деми Мур и Брус Вилис се во одлични односи.
57-годишната актерка и 65-годишниот актер и во карантин најдоа начин да се забавуваат со ќерките Талула, Скаут и Румер, како и со нивните партнери.
Имено, сите тие се облекоа во исти пижами, направија “пижама парти“, па заедно позираа за фотографиите кои ги објави Талула на нејзиниот Инстаграм профил.
Претходно и Деми ги почасти фановите со семејна фотографија направена во нејзиниот дом.
„Екипа за карантин… работиме на семеен фото проект“, напиша актерката.