Манекенката и модел Амелија Греј ги засенила сите провокативни облечени гостинки на доделување на Британските модни награди во Лондон.
На црвениот тепих прошетала во црвен фустан со огромни исечоци на страна. Нејзиниот стајлинг бил повеќе од смел, а потоа се случила оваа сцена.
Поради кројот на фустанот изгледало како манекенката Амелија Греј да не носи долна облека на црвениот тепих.
Модните изданија како нејзиното станале секојдневие на најгламурозните настани, но можеби токму во тоа е и проблемот бидејќи се наметнува прашањето како да се истакнете во морето на исти стајлинзи.
Затоа да се приреди уште поголем шок? Така барем смета Амелија Греј, која заминувајќи на афтерпарти по доделувањето на наградите, го подигнала фустанот и ја покажала долната облека. И тоа не било секунда, тоа траело.
Познатата манекенка сакала да остави впечаток дека поради дождот кој вчеравечер паѓал во Лондон, таа на овој начин сакала да го „спаси“ фустанот, но другите гости не го направиле истото, па тешко дека тоа би можело да биде оправдување.