Според неофицијални информации на Сител денес има околу 50 нови случаи на коронавирус во земјава од кои 30 во Скопје.
Според информациите од Центарот за јавно здравје и понатаму жариште во Скопје е општината Чаир каде што се и денешните нови дијагностицирани случаи.
Од Центарот за јавно здравје потврдено е дека од погребот на починатиот пациент, чиј тест постмортем покажа присуство на вирусот заразени се 5 лица.
На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести не е донесена одлука за рестриктивни мерки во општините со најмногу заразени, останува тие да ја следат состојбата во наредните неколку денови.
Неофицијално, по консултации со други земји предложено е отварање на границите на 15 јуни, но се чека официјалната потврда од Владата и Комисијата за заразни болести.