Приватната болница “Систина“ бара 634.251 денари, односно 10.313 евра отштета за долг направен од обвинетиот во случајот со рекетот Бојан Јовановски-Боки 13 . Станува збор за операција за стеснување на желудникот.
Во Граѓанскиот суд денеска требаше да се оддржи рочиште, но истото беше одложено бидејќи адвокатот на Јовановски му го откажал полномошното. Расправата е одложена за 20-ти декември.
Инаку, Боки 13 многу често поради проблеми со здравјето по опеартивниот зафат е носен од затворот во Шутка на скопските клиники, а дури се шпекулираше дека тој ќе поднесе контра тужба против “Систина“ заради проблемите предизвикани од операцијата на желудник во клиниката.
Бојан Јовановски е во притвор од 15-ти јули, а зедно со него е обвинета и екс специјалната обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски викан Кичеец.