Инфомакс дознава дека синоќа имало пукање во угостителски објект во Козле.
Поточно се работи за угостителски објект на улицата “Миле Поп Јорданов”.
Екипи на полицијата се на местото на настанот и вршат увид.
Неофицијално едно лице е повредено во инцидентот, а пукањето почнало поради претходни “нерасчистени сметки” меѓу учесниците.
Фото: Инфомакс