Мили Боби Браун, ѕвездата од серијата „Чудни нешта“, која се прослави со улогата на Елевен, се сврши со своето момче Џејк Бонџови (20).
Деветнасетгодишната актерка на Инстаграм ја потврди веста за свршувачката со синот на легендарниот пејач Џон Бон Џови каде го покажа свршеничкиот прстен.
„Те сакам веќе три лета. Посакувам така да биде биде засекогаш”, напиша таа.
А Џејк на својот Инстаграм профил објави нивни заеднички фотографии и напиша „Засекогаш“.
Двојката е во врска од 2021 година, а првпат беа видени заедно во јавноста на БАФТА наградите минатата година.