Според синот на 68-годишната Лидија, која пoчинa од зaдyшување во зграда во скопската населба Карпош откако цели 20 минути заедно со својот син и екипата на Бpза пoмoш остана зaглaвена во лифтот, колку е винoвен дeфeктoт, толку е винoвна и медицинската помош која дошла неподготвена.
„Она изгуби свест дома и дадов вештачко дишење и се поврати. Влегоа од медицинската помош мислев дека они ќе превземат. Ниту имаа носилка, бараа ќебе, викаа да барам комшии. Ужас немам зборови. Не верувам дека и е дадена терапија затоа што остана без кислород. Брзата помош не си ја заврши работата. Да брзо дојдоа но со празни раце. Ко да си дојдоа на кафе. Ние доле бевме 15-20 минути. Во лифтот ми викаше дека има пулс и надвор ми вика готово. И јас реков како готово не а реанимирате? Само ја покри. Значи ужас.“, вели синот на починатата Лидија, Слободан Трендов за ТВ21.
Инаку, во неделата починатата Лидија заглавила заедно со екипата на Брза Помош во лифтот во подрумот каде останале 20 минути, а Судска медицина констатирала дека таа починала поради гушење.
По трагедијата жителите на зградата се плашат да го користат лифтот.