Асен Плевенлиев е најстариот син на поранешниот бугарски претседател Росен Плевенлиев, а како што пишуваат тамошните медиуми тој е пред венчавка со Македонка.
Срцето на Асен го освои една убава Македонка по име Нина, која е родум од Скопје, а која веќе подолго време живее во Бугарија и во 2020 година дипломира на престижното англо-американско училиште во Софија.
По дипломирањето, таа се пријавила на елитен универзитет во Прага и моментално живее во главниот град на Чешка, пишува „Факти.бг“.
Нивната врска е од далечина, но и покрај тоа наоѓаат време да бидат заедно. Нина не ја крие радоста од ниту една нивна романтична средба, која ја доловува на фотографии, што може да се види од нејзиниот профил на социјалните мрежи.
Росен Плевнелиев и неговата поранешна сопруга Јулијана веќе ја запознале својата идна снаа. Минатото лето таа беше нивна гостинка во еден од нивните приморски имоти, што, по разводот, им го припишаа на своите синови, пишува „Ретро“.