Синот на Диего Марадона, Диего Марадона Џуниор веста за смртта на татко му ја дознал во болницата “Котуњо“ во Неапол каде се лечи од коронавирус, Него му се јавил аргентински новинар за да му земе изјава околу смртта на татко му.
Како што дознава италијанскиот портал „Фанпејџ“, синот на Марадона веднаш покренал итна постапка за да биде пуштен порано од болницата сè со цел да стигне во Аргентина на време на погребот на неговиот татко. Тој наводно се заканил дека ќе избега од болница и ако не добие дозвола.
Инаку, пред неколку дена, наследникот на Диего Марадона морал да побара лекарска помош, по што е задржан во болницата имајќи го предвид влошената здравствената состојба. 34-годишниот Диего Џуниор сега почна да се чувствува малку подобро, а потоа го потресе страшната вест – неговиот татко почина помалку од еден месец по неговиот 60-ти роденден, и седум дена по напуштањето на болницата каде бил опериран на главата.
Диего Џуниор е син на легендарниот фудбалер и Кристина Синагра, која славниот ас ја запозна додека играше за Наполи. Дури по многу години, во 2004 година, неговиот татко го призна на суд како негов вонбрачен син, а тие се сретнале летото пред тоа, во 2003 година.