Симеон Атанасов, син на починатата Есма Реџепова, се огласи на социјалните мрежи со обвинувања до, како што вели тој, таканаречените Реџепови, за кои тврди дека украле маса и фотеља вредни над 7.000 евра. Тој обвинува дека еден дел од децата на Есма го испразниле музејот и однеле се што било вредно, а притоа ги повика и надлежните органи, односно МВР, да ја проверат оваа состојба за, како што вели тој, кражбата во музејот на Есма и Стево Теодосиевски.
Инаку,пред десетина дена, на тригодишнината од смртта на Есма, Симеон Атанасов преку социјалните мрежи напиша подолг статус околу причините музејот што сеуште не е довршен.