Владислав Тјулпанов уште како дете сонувал еден ден да ја освои Катја Самбука, најпосле тоа му се остварило.
Под светлата на рефлекторите, осамна една необична љубовна приказна за еден млад човек чии фантазии од детството станале реалност. Имено, Владислав Тјулпанов (18), син на покојниот руски сенатор Владим Тјулпанов, првпат на 8-годишна возраст видел фотографии од ѕвездата на филмовите за возрасни Катја Самбука (32), и се заљубил. Младиот Владислав тогаш имал осум години, а Катја, 22.
Владислав цела наредна деценија бил фасциниран од Катја, а неодамна срамежливо ѝ пратил порака преку Инстаграм. Не ни очекувал таа да му одговори, но кога го сторила тоа, бил пресреќен.
-Кога станав познат, ѝ испратив комплименти преку Инстаграм, на кои не ни очекував да одговори. Мислев дека, како и кај секоја друга ВИП личност, има асистент што ги води социјалните мрежи. Затоа се изненадив кога лично од неа добив одговор во кој пишуваше: „Ви благодарам. Добре дојдовте на мојот профил“. Така почнавме да се допишуваме преку Инстаграм, а првпат се видовме кон крајот на април 2022 година – објаснил младиот Тјулпанов, а за тоа пишуваше и Дејли Стар.
Владислав истакнува дека како момче не ни можел да сонува дека еден ден ќе ја запознае славната Катја, за која сонуваат сите мажи. Меѓутоа, средбата се случила на 22. април 2022 година, а на овој штотуку полнолетен млад човек не му пречат ниту нејзините три деца. Сепак, јавноста не можеше а да не забележи дека тој е во врска со Катја нецели две години, што значи дека тој имал само 16 години кога се сретнале, додека таа тогаш имала 30 години.
– Нашата прва средба траеше неколку дена, едноставно, не можевме да се разделиме. Децата на Катја ги гледам како свои по 20 месеци врска. Мислам дека секој нормален маж треба да го направи тоа, не треба да ги дели жената што ја сака и нејзините деца. Само слабите и неискрени мажи кои не сакаат да сносат одговорност можат да кажат: „Ова не е мое дете“. Сама школувај го“. Тоа значи дека не ја сакаат својата партнерка – објаснил овој млад човек.
Парот сè уште се навикнува на заедничкиот живот, а Владислав секогаш истакнува дека неговата љубена не е ѕвезда на филмовите за возрасни туку ѕвезда на еротските фотографии, а нејзиното минато не го интересира.
– Поминувам многу време со нејзините деца. Шетаме заедно и секогаш одиме некаде. Неодамна бевме во циркус. Имаме сосема нормален живот, како и секое друго семејство. Многу сакам да го поминувам времето со моето семејство, а тоа е Катја и нејзините деца – заклучил овој млад човек.