Синот на познатиот македонски книжен критичар, раскажувач, романописец, драматург и поет Данило Коцевски, Огнен Коцевски преку Фејсбук реагираше бидејќи нникој до сега не нашол за згодно на неговиот татко да му даде било какво признание на неговиот труд.
„Мојот татко, Данило Коцевски, единствениот врвен хроничар на градот Скопје, скопска легенда, боем, кој напиша толку многу за Скопје, кој го даде срцето и душата на Скопје. Градот Скопје по неговата ненадејна смрт на 13 септември, не најде за згодно да му оддаде никаква чест, признание, ниту награда за делото за кое тој го даде целиот свој живот.“, напиша Огнен Коцевски во својата објава во Фејсбук групата на старите скопјани.
Неговите зборови предизвикаа поддршка, лавина реакции и осуда за градската администрација за овој потег.
Инаку, Данило Коцевски почината минатата година на 73 годишна возраст.