Синот на Анџелина Џоли и Бред Пит, Пакс Џоли-Пит е повреден во сообраќајна несреќа по што итно е хоспитализиран.
Според медиумите, Пакс (20) бил на својот електричен мотор кога удрил во автомобил. Несреќата се случила во Лос Анџелес.Според извештаите, Пакс не носел заштитен шлем во моментот на судирот и се пожалил на главоболка.
Како што соопшти полицијата за TMZ, несреќата се случила вчера на раскрсницата на две екстремно фреквентни улици. Возачот на автомобилот веднаш излегол од возилото за да види што се случило со Пакс, а набрзо на местото на несреќата пристигнала полицијата и екипите на итната помош.
Очевидци велат дека Пакс се пожалил на болки во колкот и повреди на главата, поради што итно бил префрлен во болница. Според информациите тој е стабилен и се очекува да биде пуштен на домашно лекување во текот на денот.
Пакс е четврто од шесте деца на Бред и Анџелина. Медиумите пренесуваат дека тој во последно време често е на својот електричен мотор и дека речиси никогаш не носи кацига.