Имено, Милица во интервјуто зборувала за српската уметност, мода, култура, но и за Игор кого го доби со Премиерката на Србија пред повеќе од две години.
Таа призна дека ја сака модата, но дека не и е роб и не ги следи трендовите.
– Го носам она што го сакам и во што се чувствувам добро – изјави Милица.
Таа откри и кои локални креатори ги сака, но и во што најмногу ужива во Белград, а тоа се одењето на хиподром и филхармонија.
– И двете се автентични и уникатни. Белградскиот Хиподром е најстариот спортски објект на Балканот и дел од неговиот шарм лежи во тоа што се наоѓа прилично блиску до центарот на градот, па имате чувство дека сте некаде далеку и во исто време во срцето на Белград. Тоа е место на историја и емоции, семејство и радост. Што се однесува до Белградската филхармонија, мојот син ја обожава, сака музика и често одиме таму заедно – откри убавата Милица.
Работи во Центарот за радиологија и магнетна резонанца при Клиничкиот центар на Србија.
– Моето мото е да дадеме се од себе и да ги третираме пациентите не како случаи или бројки, туку како што се – луѓе со нивните животни приказни, семејства, најблиски. Често е тешко и емотивно. Притисокот и одговорноста се огромни, но како радиолог треба да останете смирени и фокусирани бидејќи она што го гледате може да спаси нечиј живот – вели Ѓурѓиќ.
Да потсетиме, Ана и нејзината партнерка Милица се во љубовна врска 11 години. Иако не ја кријат љубовта, премиерката не сака премногу да го експонира семејството во медиумите. Пред повеќе од две години го добија синот Игор кога Милица забремени со вештачко оплодување. Во Србија се уште нема закон за истополови бракови, па Ана Брнабиќ се уште не е законски старател на нејзиниот син.