Синоќа Елизабет Харли била главна гостинка на промоцијата на книгата на Џоан Колинс. Во придружба на својот син Дамијан, актерката се појавила во просторијата како вистинска дама во цветен фустан и со затегнато тело.
Како и секогаш кога ќе се појави со својот син, така и сега сите ги гледале зачудено, бидејќи 21-годишниот Дамијан неодоливо потсетува на Елизабет. Неговата убавина повеќе личи на женска одошто на машка, па некои велат дека Елизабет е заслужна за тоа, бидејќи од него сакала да ја направи ќерката што никогаш ја немала.
Британските новинари често истакнуваат дека односот меѓу мајката и синот е бизарен и чуден, со оглед на тоа што се неразделни и што тој неретко ја фотографира својата 52-годишна мајка топлес.
Елизабет пред повеќе од 20 години имала кратка афера со милионерот и продуцентот Стив Бинг, по што забременила. Милионерот одбил да го признае синот, но со ДНК-анализа било утврдено дека детето е негово и таткото морал да плаќа алиментација.
Никогаш не сакал да го види детето, а кога неодамна се самоубил така што скокнал од 27. кат, во неговиот тестамент немало место за Дамијан.
Елизабет Харли можеби има убавина, но нема среќа во љубовта. Откако 13 години била во врска со Хју Грант, папараците го фотографирале актерот под мост додека го задоволувала трансродова проститутка.
Елизабет ја прекинала врската со Грант, но потоа му простила. Тие се во толку добри односи што Хју го крстил нејзиниот син.
Актерката ја бие глас дека не ја изневерил само оној што не сакал, а сите нејзини партнери го сакале тоа.