Драматични сцени се случувале синоќа во станбена зона во германскиот град Хамбург.
Според медиумите, германската полиција убила маж откако тој отворил оган врз нив. Тој е осомничен дека пред тоа го запалил татко му во станот.
Истовремено била информирана и противпожарната единица која му пружила помош на таткото на напаѓачот поради тешките изгореници.
Како што пренесува Билд, постои сомневање дека синот го запалил татко си додека спиел. На несреќниот маж му била укажана помош на лице место, по што бил пренесен во болница.
Во меѓувреме синот се забарикадирал во станот. Кога полицијата се обидела да го уапси, тој вооружен се појавил на терасата и испукал неколку куршуми во правец на полицијата.
Патролите веднаш побарале поддршка, а пристигнале и силите за специјални операции.
Кога пристигнале на местото на настанот, мажот повторно отворил оган кон полицијата. Службениците за специјални операции пукале кон мажот и го погодиле.
Според полицијата, напаѓачот на лице место им подлегнал на повредите. Никој од полицајците не е повреден.
Засега не е познато што го натерало синот да го запали татко му.