Незапамтена трагедија се случи во Ниш откако воз преполови автобус полн со патници. Во несреќата загинаа три лица на самото емсто , а уште две во нишката болница , каде беа однесени 26 патници опд автобусот , низ кој со полна брзина помина воз и го преполови на необележан железнички премин.
Меѓу загинатите се 17 годишната Маријана Коциќ и 15 годишниот Алекса Димитријевиќ. Маријана била ученичка во трета година во средно стручно училиште во Ниш . Се успала и го испуштила автобусот со кој обично оди на училиште , па влегла во ,,автобусот на смртта”.
Алекса бил ученик во прва година во средното градежно училиште во Ниш.
Во несреќата загинаа и Богомир Лазиќ (75), Данијела Станковиќ (48) и Наташа Јанковиќ (42).
Бидејќи повредените патници од автобусот биле пренесени во Клиничкиот центар во Ниш многу членови од семејствата биле таму и чекале вести од докторите за состојбата на нивните најблиски.
Најтажна била сликата кога докторот на еден од мажите им соопштува дека неговата сопруга починала за време на операцијата, со солзи во очите му пришол на неговиот син дека неговата мајка починала, пишуваат српските медиуми.
Во Ниш денеска е прогласен Ден на жалост.