Синди Крафорд ја прослави 20-годишнината од нејзиниот бренд „Meaningful Beauty“ споделувајќи фотографија на која ја носи истата кожна јакна која ја носела кога имала само 20 години, споредувајќи ја со изданието од пред 38 години.
Манекенката (58) сподели две фотографии на Инстаграм и напишала: „‘Meaningful Beauty’ полни 20 години! За да нѝ помогнете да прославиме, споделете своја фотографија на 20 години во однос на вас денес“.
На двете фотографии кои настанале во период од 38 години, Синди позира облечена во црна бајкерска кожна јакна, а нејзиниот изглед не е многу променет.
„Благодарна сум што ги поминав изминатите две децении работејќи со неверојатен тим, учејќи толку многу за убавината и бизнисот – и помагајќи им на жените да се чувствуваат најдобро на секоја возраст. Среќен роденден „MB“! Ви благодариме на сите што нè одржувате“, напишала Крафорд во продолжение.
Нејзините фанови ги преплавија коментарите со честитки за нејзиниот успех, а уште повеќе го фалат нејзиниот наизглед безвременски изглед.
„Како е можно да изгледа исто“, гласи еден од коментарите.
Ова не е првпат Крафорд да ги врати фановите во 90-те и нејзините претходни модни изданија.
Таа ја рекреираше својата култна реклама за Пепси од 1992 година неколку пати во последниве години, враќајќи се во белата маица без ракави и фармерките за да собере средства за детска болница во 2021 година и повторно за музички спот во 2023 година.