Пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска синоќа својот Фејсбук профил објави дека е позитивна на корона вирус. Таа соопшти дека вчера попладнето ненадејно добила покачена температура и омалаксаност додека била на седница на Собрание и по тестирањето добила позитивен резултат на коронавирус.
– Попладнево се тестирав и за жал резултатот е позитивен. Изминативе денови имав ограничени движење и физичко присуство на состаноци, каде постојано носев заштитна маска. Ги почитував правилата, но очигледно е дека имало момент на невнимание. Ве замолувам бидете внимателни, болниците се преполни, лекарите изморени, а ние сме лесни ранливи. Чувајте се, – напиша Петровска.
Вечерва и советникот на Зоран Заев, Марјан Забрчанец, на својот Фејсбук профил посочи дека денеска добил лесни симптоми на настинка, се тестирал и испаднал позитивен на тестот за коронавирус.
„Денес добив лесни симптоми на настинка, се тестирав и вечерва добив позитивен КОВИД-19 резултат. Добро се чувствувам, ги следам целосно советите на лекарите и од овој момент одам во домашна изолација. Водете максимална грижа, вирусот наоѓа најразлични начини да продре до човечкиот организам“, пишува Забрчанец.