Од неговото појавување, новиот вид коронавирус предизвика голема загриженост во Англија, а научниците и медицинските истражувачи континуирано работат на утврдување на изворот на новата варијанта.
Новиот вид на коронавирус наречен „ВУИ 202012/01“ вклучува генетска мутација на протеинот „spike“ што може да предизвика брзо ширење.
Покрај трите најчести симптоми на Ковид-19 – треска, сува кашлица и губење на чувство за мирис и вкус, идентификувани се седум други симптоми кои можат да бидат поврзани со новиот вид на коронавирус, имено: замор, губење на апетит, главоболка, дијареја, осип, ментална конфузија и болки во мускулите.
„Ако развиете какви било симптоми што можат да укажат на Ковид-19, и вие и членовите на вашето семејство треба да се изолирате и да бидете тестирани што е можно побрзо“, вели истражувач од Кралскиот колеџ пишува „Тајмс оф Индија“.
Поради новиот вид на коронавирус, Велика Британија воведе нови ограничувања за спречување на ширењето на вирусот, а некои европски земји ги затворија своите граници со Велика Британија.
Но, за да се заштитите, треба да се придржувате до пропишаните мерки, како што се носење маска, одржување на физичко растојание и редовно миење на рацете.