Припадниците на полициската станица во Стара Пазова, го уапсија А.Ј. (38) поради сомнеж дека ѕверски и сексуално искористувал 61-годишна жена од Бановац, која била болна од рак.
Според информациите, тој во петокот влегол во станот на жената и ја удрил неколкупати во главата. Потоа, почнал сексуално да ја злоупотребува.
„Досегашната истрага потврди дека жената го пуштила во станот, затоа што го познавама, а тој почнал да ја удира во главата и кога ја онеспособил, почнал сексуално да ја злоупотребува. Многу е грозно да се говори за тоа што и правел, затоа што злосторникот е полово немоќен“, вели еден соговорник.