Силен земјотрес ја погоди Хрватска

by Тони Зографски

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер, рано утрово ја погоди Хрватска.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 50 километри југоисточно од Загреб, на длабочина од два километри.

Хрватските медиуми известуваат дека потресот е регистриран нешто пред 6.30 часот, а се почувствувал во цела Хрватски. Според пишувањата, уплашени граѓани истрчале на улиците.

Како што известува индекс.хр потресот највише се почувствувал во Петриње каде што има и матерјална штета.

-Не погоди силен земјотрес, никогаш ова го немам доживеани. Не знам дали има жртви, но знам дека има матерјална штета, – изјавил градоначалникот на Петриње, Даринко Думбовиќ.

фото: Индекс.хр

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com