Силен земјотрес утрово ја потресе централна Италија.
Според првичните информации, земјотресот бил нешто по 7 часот, со јачина од 6,1 степени. Почувствуван е и во Хрватска.
Италијанските медиуми јавуваат дека епицентарот на земјотресот бил меѓу Анкона и Римини, а велат дека бил почувствуван и низ целата земја.
Корисниците на апликацијата ЕМСЦ од Хрватска известуваат дека сѐ сѐ тресела, добар дел од Истра и централниот Јадран.
Земјотресот е почувствуван по целото јадранско крајбрежје, како и во централна Хрватска, во Загреб, но и во соседните Словенија и Босна и Херцеговина.
Креветот ми се тресеше на сите страни, десет секунди имало силно тресење, галебите вознемирени – раскажува читателка од Задар.
– Ме разбуди, плакарот за малку не ми падна на глава – раскажува друга Задранка.
Италија вчера ја погоди уште еден земјотрес со јачина од 4,5 степени со епицентар во близина на Џенова.