736
Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа во близина на Мелбурн, соопшти австралискиот Завод за метеорологија.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на руралниот град Менсфилд, на околу 200 километри североисточно од Мелбурн, на длабочина од 10 километри.
Неколку згради во Мелбурн биле оштетени, а сеуште нема информации за повредени или загинати.
