Силен земјотрес го погоди Загреб и околината утринава околу 6.20 часот.
Метрополата десетина секунди силно се тресела, луѓето во паника излегле на улица – пишува Јутарњи лист.
После првиот, во 7.01 часот имало и втор потрес кој траел нешто пократко.
ЕМСЦ пишува дека силината на првиот земјтрес бил 5,3 по Рихтер, а епицентарот бил 7 километри од Загреб.
Во центарот на градот има матерјална штета, а делови од градот се без струја и вода. Се срушиле ѕидови, а оштетена е и катедралата.
Засега нема информации околу жртви, а од Итната помош известила дека имаат многу повици.