Силвио Берлускони (84) бил примен во болница во Монако поради проблеми со срцето.
Италијанската агенција АНСА прва ја објави оваа вест, а неговиот личен лекар Алберто Зангрилоизјави дека го видел Берлускони во понеделникот и дека решил да го префрли во блиската болница, наведувајќи дека не смета дека е паметно да го донесе во Италија, оддалечена околу 15 километри.
Засега е нејасно дали неговите проблеми со срцето се надминати. Берлускони имаше голема операција на срцето во 2016 година, а преживеа и рак на простата.
Инаку, Берлускони беше хоспитализиран минатиот септември поради позитивен тест на коронавирус. Откако се опорави од вирусот, тој пред новинарите изјави дека вирусот претставува еден од најопасните предизвици за неговиот живот.