Американската актерка Џенифер Лоренс, која многумина ја сметаат за една од најубавите жени на светот, признала дека „изгубила чувство за контрола“ на почетокот на својата кариера поради наглиот подем.
„Помеѓу премиерите на филмот „Hunger Games“ и освојувањето Оскар, се чувствував како да сум „парче роба“ и сите имаат право да носат одлуки во мое име, како да им припаѓам на сите нив“, рекла 32-годишната актерка во текот на емисијата „Screen Talk“ на лондонскиот филмски фестивал.
За потсетување, Лоренс во 2012 година глумеше во франшизата „Hunger Games“ која постигна рекордна гледаност во киносалите, а истата година ја доби улогата во филмот „Silver Linings Playbook“ покрај Бредли Купер за која во 2013 година, на само 22 години, освои Оскар.
„Сега кога ќе размислам, не можам да се сетам на тие години, постоеше само губење на контролата“, открила актерката и објаснила дека дури неодамна започнала да го враќа своето чувство на идентитет.
Нејзиниот приватен живот поминал низ неколку големи промени во текот на последните години кога во 2019 година се венчаше со њујоршкиот галерист Кук Марони, а истата година во февруари добија и син.
„Во сите свои филмови имам прилично ист тип улоги од својата 18-та година, па ме интересира дали конечно ќе се ослободам од тоа сега кога сум постара и имам дете“, изјавила Лоренс неодамна за „Vogue“.