Познатата американска блогерка Ешли Стоук (36) го минува најтешкиот период во нејзиниот живот, по смртта на нејзината тригодишна ќерка Стиви Лин.
Девојчето починало како резултат на ретка форма на тумор на мозокот, само три дена откако наполнила 3 години.
На Стиви Лин и била дијагностицирана болеста во април 2020 година, а стапката на преживување во нејзиниот случај била, за жал, еднаква на нула. Ешли почна да се сомнева дека нешто не е во ред кога забележала промени во моторните вештини на нејзината ќерка. Ја однеле на преглед и тогаш ја дознале лошата вест.
– Стиви Лин Стоук, која имала само три години. Чудо-творец, светлина, исцелител на срцето. Смешна девојка со сини очи, девојка со кадрава коса – започнала Ешли.
– Обожавана помлада сестра, ќерка и пријателка. На 27 мај, во 01:05 часот, почина. Многу чуда се случиле и безброј моменти на Бога што ќе ги претворам во зборови кога ќе имам сила. Засега, јас сум мирна со помислата дека и олесна, таа има мир, но исто така се чувствувам скршена од болката толку силна болка што не можам да ја опишам со зборови – напиша очајната мајка, со симпатична фотографија на Стиви која држи мала кристална ѕвезда во раката.