Пејачот Момчило Бајагиќ Бајага откри дека има реакција на вакцината против коронавирусот и дека не се чувствува добро, пренесуваат српски медиуми.
„Се чувствувам лошо, ја примив вакцината и имам реакција“, изјави тој за „Курир.рс“.
Дека се вакцинирал, откри Бајага во неодамнешното интервју за „Дневни аваз“ по повод неговиот 61. роденден (19 февруари).
Тој, сепак, признал дека не е воодушевен од вакцинацијата, но смета дека тоа е единствениот начин за борба против коронавирусот.
Инаку, Багаја кон крајот на месец јануари истакна дека одлучил да ја прими вакцината на „Фајзер“.